Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека верува оти САД „многу успешно“ преговараат со Русија и Украина и посочи дека договорот за прекин на огнот е блиску.
„Ќе постигнеме договор со Русија и Украина за запирање на убиствата на луѓе“, изјави тој за новинарите.
Запрашан дали е подготвен да обезбеди безбедносни гаранции за Украина како дел од договорот, Трамп одговори:
„Нема да дадам премногу безбедносни гаранции… Европа ќе преземе, бидејќи Европа е сосед.
Тој додаде дека САД ќе соработуваат со Украина „во врска со ретките минерали“.
„Навистина ни требаат ретките, и тие ги имаат во големи количини“, рече Трамп.
Според него, тоа е „голема работа и за Украина, бидејќи започнуваат соработка со САД.
Претходно, Трамп потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе дојде во САД во петок за да потпише договор со земјата за ретките минерали.