Макрадули за коспонзорството на американската резолуција: Ми пречеше „па така одлучивме“ со една цинична насмевка

од Nikola Popovski
604 прегледи

Ќе се сложите дека членството во НАТО е добар кредибилитет. Хипотетички е дека и онака ќе сме влегле во Алијансата. Реалноста е таа. Кога почна војната во Украина, сфативме дека Милано е подалеку од Скопје и членството во НАТО дојде како напор и активности од 1992 година на сите политички партии, изјави поранешниот пратеник и екс-потпретседател на СДСМ, Јани Макрадули запрашан каков е денеска кредибилитетот на СДСМ за надворешната политика со оглед дека се заглавени европските интеграции уште од почетокот на раководењето на претходната Влада.

Макрадули оценува дека недостига нормален дијалог и дискусија меѓу пратениците и партииите, пред се во Собранието. Според него, има многу навреди меѓусебе.

-Такви навреди има сега, што нема корист. Кога тоа гледате во Парламентот, народот не гледа, вика ова не е битно…Имате претседател во политичка хибернација и тогаш Владата вика јас сум семоќна. „Па, така одлучивме“ со една цинична насмевка, што мене ми пречеше, кажа поранешниот функционер во емисијата „Само вистина“ за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од пред неколку дена.

Македонија беше една од земјите-коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, на која гласаше „воздржано“. Истовремено ЕУ, предводена од Германија и Франција, поднесе своја резолуција. Запрашан зошто земјава се одлучи на ваков чекор, премиерот на Владата на прес-конференција изјави „па, така одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата поднесена од САД“.

Слични содржини