Митева за „нападите“ кон Петровска: Реакцијата стигна час и половина по одговорот на Кочоска, по ручекот имало координација меѓу пратениците на СДСМ

од Nikola Popovski
3,6K прегледи

Не можам да се согласам или барем јас не ја видов интенцијата за навреда во одговорот кој што го даде министерката за финансии, од причина што немаше начин во кој што истото се однесуваше на она што подоцна СДСМ го искористи и спинуваше. Во изминатите денови се потврди дека навистина се мајстори за креирање на лажни вести, рече синоќа портпаролката на Владата, Марија Митева за дуелот во Собранието и навредата на министерката Гордана Димитриеска Кочоска кон пратеничката Славјанка Петровска.

Митева истакна дека во кабинетот на министерката работат 25 луѓе од кои 21 се жени и никогаш немала досега впечаток дека (министерката) функционира на лична навреда, особено не кон жена и не смета дека вчерашниот одговор беше во насока на лична навреда кон Петровска.

-Кога ќе слушнете навреда кон вас, барем природно ни доаѓа да реагираме во истиот момент или можеби веднаш на потоа. Реакцијата стигна час и половина од одговорот на министерката за финансии, односно по паузата за ручек на кој што имаме информација дека долу следела една кратка координација меѓу пратениците на СДСМ и веднаш потоа се извади веста дека начинот на кој што тоа е кажано тоа значи, кажа портпаролката на Владата во емисијата „24 анализа“.

Митева потенцира дека „никогаш не би си дозволила да не искритикува доколку станува збор за лична навреда со интенција“ и во случајот „одговорно тврдам дека немало интенција на навреда“.

Слични содржини