Мицкоски патува во Турција на средба со Ердоган

од Nikola Popovski
143 прегледи

Владата информира дека денеска премиерот Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Според владиното соопштение, претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

-Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво, додаваат од Владата.

Пред шест дена претседателот на Владата информира дека во петок патува во Истанбул, на приватен ручек со Ердоган за, како што вели, потврда на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Турција. По викендов, во понеделник и вторник, рече дека предвидена е меѓувладина конференција во Будимпешта.

Македонија мора да се прилагоди на новото нормално кое доаѓа од Вашингтон бидејќи нема да има друга шанса  – ова е првиот впечаток на премиерот Мицкоски по враќањето од Вашингтон укажувајќи на тоа дека меѓу првите го запоседнал теренот и дека сите лидери после него кои ги препознаваат новите политики ќе го направат истото. Средбите кои Мицкоски ги има надвор од земјата тврди се фронт на кој тој ќе се бори за да предочи дека земја која е заглавена со своите сфаќања во претходниот век се обидува да ја кочи Македонија на патот кон нејзините евроинтеграции. Осврнувајќи се и на настапот на амеиканскиот потпретседател Џеј Ди Венс пак потенцираше дека го поздравува неговиот говор и не препознава радикална десница во неговото обраќање туку само реално доловување на вистината преку преимери.

Слични содржини