Додик до Сараево: Секогаш може да се разговара, но не може да се понижува Република Српска

од Nikola Popovski
109 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вели дека не ја разбира хистеријата во сараевската чаршија и прашува дали тоа што се случува во моментов не е она што тие го сакале и вели дека секогаш можe да зборува, но дека нема да дозволi понижување на Република Српска.

„Зарем не направивте сè за да се случи ова? Ве предупредував една година – не го уривајте Уставот? Нели. Дали им кажав на сите новинари по завршниот збор – запишете внимателно, со пресудата ќе го урнете Уставот, немој после да доаѓате по нас? Реков. Дали направивте избор – Устав или Шмит? Да. Дали го избравте Шмит? Да“, напиша Додик во објавата на платформата „Х“.

Додик исто така праша „што сакаат во сараевската чаршија“.

„Малку ви беше што ме малтретиравте една година, сега сакате да ја понижите Република Српска. Е, тоа не е можно. Секогаш можеме да зборуваме, но, никогаш не можете да ја понижите Република Српска“, порачал лидерот на босанските Срби.

Додик е осуден на една година казна затвор и шест години забрана за извршување на функцијата за неисполнување на одлуките на високиот претставник за Босна И Херцеговина, Кристијан Шмит.

Слични содржини