34
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е „незамисливо“ Украина да стане членка на Европската унија.
Говорејќи пред претстојниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан за државното радио изјави дека не може да изнесе „ниту еден аргумент“ во корист на пристапот на Украина во ЕУ, имајќи ги предвид интересите на Унгарија, пренесе МТИ.
Тој додаде дека има многу аргументи против членството на Украина, вклучително и дека нејзиниот прием ќе ја „уништи земјата“ во однос на домашното земјоделство и унгарската економија како целина.