26
На претстојната церемонија на најпрестижната филмска награда, Оскарите, што ќе се одржи на 2 март во Лос Анџелес, на актерот Џин Хекман, кој неодамна почина, ќе му биде оддадена посебна почит, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван извор.
Извор запознаен со планирањето на сценските настани, наводно, рекол дека деталите сè уште не се финализирани, но дека едно можно сценарио би можело да биде скеч или краток филм „In memoriam“ посветен на придонесот на Хекман за филмот.
Друга можност е приказна за Хекман на сцената, раскажана од водителот на овогодинешното наградно шоу Конан О’Брајан или еден од актерите.