Петрушевски очекува СДСМ да го исклучи Андов од ЦО на партијата и да се извини

од Nikola Popovski
76 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да го осуди и исклучи од Централниот одбор на партијата, екс-директорот на затворот „Шутка“, Филип Андов-Сокол. Според пратеникот на партијата, Бране Петрушевски, Андов како директор на затворот овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден.

-Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор. Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси. Доколку СДС не излезе јавно да се извини, да го разреши Сокол и да го осуди ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат, кажа Петрушевски на прес-конференција.

Мерки на претпазливост за десет припадници на затворската полиција, меѓу кои и за Андов бара Јавното обвинителство за гонење организиран криминал по денешната акција и претресите кои ги вршеше полицијата.  Групата се сомничи за неколку кривични дела како „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Но на Андов и уште еден затворски полицаец на товар им се става и кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“.

Со тоа тие предизвикале штета на Буџетот за сметка на мала имотна корист. Десетоосомничениот затворски полицаец не пријавил дека одредена група на осуденици кои биле сместени во импровизирани простории не се присутни. При ненајавен вонреден надзор, Управата за извршување на санкции констатирала дека недостасуваат 11 осуденици.

Андов беше именуван на функцијата во 2020 година, откако претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

Слични содржини