Хенес и Румениге донеле одлука Баерн да се повлече од преговорите со Кимих

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Одлуката на Баерн Минхен да ја повлече понудата за нов договор за Џошуа Кимих дојде по интервенција на почесниот претседател на клубот Ули Хенес и членот на Надзорниот одбор Карл-Хајнц Румениге, открива телевизијата „Спорт1“.

Моќните фигури во баварскиот гигант интервенираа во работата на спортскиот директор Макс Еберле и побараа веднаш да се разјасни одлуката на играчот, чиј договор истекува на крајот на летото. Се сметаше дека Кимих е блиску до продолжување на договорот по последната подобрена понуда на Баерн, но вчера изненадувачки стана јасно дека клубот се повлече од преговорите и сега на маса се сите опции, вклучително и играчот да не остане во Минхен.

Очигледно Хенес и Румениге ги изнервирало долгото двоумење на играчот, кој долго време не донел одлука за својата иднина, со оглед на тоа што клубот со него преговарал со месеци. Шефовите на Баерн немаат намера да чекаат до пролетните месеци, кога ќе станува се потешко да се најде соодветна замена за Кимих.

„Спорт1“ потсетува дека ова не е првпат Хенес и Румениге да одат преку Еберле. Спортскиот директор сакаше да го ангажира дефанзивецот Џонатан Та од Баер Леверкузен минатото лето, но Надзорниот одбор на Баерн интервенираше и го стопираше трансферот.

Слични содржини