Апасиев кон директорот на ААВМУ: Оваа држава не дала 5 концесии за медиумите да ругаат една партија

од Nikola Popovski
79 прегледи

Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев вчера искажа контрареплика кон директорот на ААВМУ – Зоран Трајчевски, по однос на, како што велат од партијата, медиумската блокада и скроената хајка против Левица.

„Кога уредувачката политика е надвор од Закон, Вие имате должност да реагирате таму (кај медиумите), а не тука (во Собранието). Немојте да ми држите лекции како јас да комуницирам со медиумите, Вие не сте надлежен тоа да го правите. Вие сте надлежен за медиумите коишто, впрочем, не ги контролирате. Оваа држава дала 5 концесии, не за да се руга некоја партија, туку да се однесуваат согласно закон“, кажа Апасиев, по што додаде дека согласно Закон и Етички кодекс на новинарите:

„Медиумите негуваат развој на хумани и морални вредности“. Каква е таа хумана вредност, кога една национална телевизија, две години, поради блокирани пари – води хајка против парламентарна партија?

„Новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности“. Каде сте Вие Трајчевски тука да реагирате?

„Новинарот ќе настојува да обезбеди објавување на исправки, деманти и одговор“. Не само што не бараат втора страна и не реагираат – туку, ниту демантите коишто им ги праќаме не објавуваат.

„Да се обезбеди слобода и еднаквост во правата, независно од политичкото убедување“. Заболе ме уво дали му се свиѓало на уредникот. Кога се работи за прашања од јавен интерес, тој е должен да кани.

„Отвореност на програмите за изнесување различни ставови.“ Кои се тие различни ставови? Биполарноста – СДС, ВМРО, СДС, ВМРО… тоа се различните ставови?

„Гарантирање на право за одговор и исправка“. Каде сте тука да реагирате? Имаме три судски спора против медиум за необјавување демант“, стои во партиското соопштение на Левица.

Слични содржини