Нејмар го шокираше фудбалскиот свет откривајќи дека бил блиску до преминување во Баерн Минхен од Сантош, на иницијатива на Пеп Гвардиола. Бразилецот објасни и како дошло до средбата со тренерот на Манчестер Сити.
„Откако ја освоив наградата Пушкаш, татко ми ми се јави во 2 часот наутро. Кога одговорив, ми рече да ја отворам вратата. Бев во моите боксерки, а таму беа татко ми, Пеп Гвардиола и преведувачот на видео повик за да почнат преговори со мене“, откри Нејмар.
Сепак, соработката со Гвардиола во Баерн не се оствари бидејќи Нејмар имал други планови.
Славниот Бразилец кариерата ја започна во Сантош каде настапуваше од 2009 до 2013 година. После тоа, тој се пресели во Барселона, каде што мина четири сезони од 2013 до 2017 година. Потоа следеше трансфер во ПСЖ, каде играше од 2017 до 2023 година. Потоа помина две години во Саудиски Ал Хилал, а сега се врати во Сантош.
Пеп Гвардиола го водеше Баерн од 2013 до 2016 година со голем успех, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Со Баерн освои вкупно седум трофеи, оставајќи неизбришлива трага во клубот.