Радев и Сиљановска Давкова разговарале за „изградба на цврста основа за развој на билатералните односи“

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.

– Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.

Слични содржини