ССМ денес доставува предлог за минимална плата од 500 евра

од Nikola Popovski
85 прегледи

И синдикатите и бизнис секторот се согласни дека минималната плата треба да биде повисока од законското усогласување, со кое минималецот ќе изнесува околу 24.400 денари. Синдикатите бараат минимална плата од 30 илјади денари и го поддржуваат предлогот на работодавачите за замрзнување на придонесите.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска се очекува до Владата да го достави предлогот со кој ќе побара зголемување на минималната плата и на сите останати плати. Оттаму за денеска во 12 часот закажаа прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на ССМ.

И граѓаните очекуваат минимална плата повисока од најавеното усогласување.

Владата не покажува интерес за замрзнување на придонесите, велат од Организацијата на работодавачи, а стопанството, посебно текстилниот сектор нема капацитет за зголемување на платите над законското усогласување.

Според ССМ, 24.400 денари колку што би била минималната плата согласно законското усогласување се премалку за работниците имајќи ги предвид трошоците на живот. Затоа се надеваат дека работодавачите ќе покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање, а Владата ќе ја одигра клучната улога да ги субвенционира придонесите за разликата од 24.400 до 30.000 денари. Од ССМ велат дека минималната плата треба да обезбеди минимум материјална сигурност за работниците.

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска во телевизиско гостување во саботата рече дека ако работодавачите можат да исплаќаат повисока сума од законската како Влада немаат ништо против, но дека не може да ги субвенционираат придонесите.

Дел од работодавачите се согласуваат за зголемување на минималецот, доколку Владата им ги плати зголемените давачки за придонеси. Тие велат дека потребно е Владата да им помогне на фирмите да го издржат дополнителниот товар, односно да ја покрие разликата во придонесите кои ги плаќаат сега и кои ќе ги плаќаат тогаш.

Нема зголемување на минималецот во март, само законско усогласување

На потег се работодавачите и синдикатите. Конечната одлука ќе ја донесе Економско-социјалниот совет во текот на месецот.

Минимална плата во моментов земаат 10.000 работници. Нешто над тоа сè уште 20.000 луѓе.

Слични содржини