Релиќ со нов бронзен медал на турнир во Бугарија

од Nikola Popovski
29 прегледи

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Релиќ освои бронзен медал на вчерашниот Г-1 Опен турнир во Софија, Бугарија.

Најдобрата наша спортистка, во својата категорија – 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр, совладувајќи ја со 2:0 во рунди. Во следното коло, Милијана ја победи и Казахстанката Аиша Аделбикизи со 2:0 во рунди. Во полуфиналниот натпревар, нашата таекондо првенка изгуби од русинката Анастасија Банкова.

Ова се нови 3,60 поени за Олимписката и Светската ранг листа и нови поени за квалификации за Лос Анџелес 2028. Нејзиниот тренер Александар Ефтимов е среќен со новоосвените поени кои ја приближуваат Милијана до Олимпијадата во Лос Анџелес.

Слични содржини