Јаневска откри зошто не е дел од владината делегација во Унгарија

од Nikola Popovski
217 прегледи

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска откри зошто не е дел од владината делегација која присуствува во Будимпешта каде што ќе се одржи втората меѓувладина седница меѓу Македонија и Унгарија.

-Јас во Будимпешта бев пред две недели и имав средби со министерот Халко Балаш кој што е задолжен за високото образование и иновациите. Во оваа делегација оди соодветниот министер затоа што кај што нив министерствата се малку поразлично организирани и одат министрите Панчо Тошковски и Зоран Љутков кои ќе имаат соодветни свои пандани. Јас веќе таа работа ја завршив пред две недели и имаме резултати од средбата, информира Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит што се одржува од 3 до 4 март во Будимпешта. Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит се планирани и билатерални средби на релевантни министри, по што ќе следи заедничка седница.

Во рамки на посетата, шефот на дипломатијата Муцунски со унгарскиот министер за надворешни Сијарто ќе потпишат акциски план за размена на експертиза од унгарската дипломатска академија за јавни службеници, поврзана за европската интеграција и процесите на администрацијата на МНР.

По завршувањето на меѓувладината седница, во текот на утрешниот ден, заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Слични содржини