16
Македонската полиција денеска соопшти дека во февруари од сообраќај исклучила 2.059 возачи поради возење без возачка дозвола.
Според соопштението, полицијата во февруари од сообраќај исклучила и 617 возачи кои биле под дејство на алкохол, а 7.473 возачи добиле прекршочни казни за возење со поголема брзина од дозволената.
„Од вкупниот број издадени прекршочни налози кој за февруари изнесува 23.844, 1.508 се однесуваат на некористење појас, 766 за користење мобилен телефон при управување со возило, а санкционирани се и 475 пешаци“, се вели во соопштението на МВР.
Се додава дека најголем број прекршочни пријави во февруари имало за непрописно паркирање – 5.746.