Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека воената операција во Украина ќе продолжи се додека не се постигнат сите цели, објави Скај њуз.
На темата за потенцијалниот мировен план со Украина, тој вели дека сè уште нема „координиран“ или „инициран“ план.
Зборувајќи за растечките поделби на Запад, тој рече: „Гледаме дека колективниот Запад станува се помалку колективен. Почна фрагментацијата на колективниот Запад, а позициите на различни земји и групи земји стануваат се повеќе и повеќе нијансирани. Останува група земји кои очигледно се страни во војната. Овие земји ја поддржуваат Украина во продолжувањето на војната и обезбедувањето резерви за воени акции“.
Да потсетиме, британскиот премиер Стармер во неделата објави дополнителни 2 милијарди долари средства од Обединетото Кралство за купување на повеќе од 5.000 ракети за воздушна одбрана за Украина.