(ВИДЕО) Камерите ги снимениле моментите пред крвавиот напад во Германија

од Milan1
84 прегледи

За време на карневалот во германскиот град Манхајм, се случи трагедија кога автомобил влета во пешачка зона, оставајќи зад себе ужасна сцена на страдање.

Според министерот за полиција на покраината Баден-Виртемберг, Томас Штробл, две лица го загубиле животот, додека околу 25 лица се повредени, а три жртви, меѓу кои и едно дете, се уште се во критична состојба.

Возачот, 40-годишен Германец од Рајнланд-Пфалц, е уапсен по инцидентот. Наводно, при апсењето се застрелал со пиштол при што се здобил со повреди опасни по живот, а има индиции дека имал психички проблеми.

Истрагата е во полн ек, а полицијата во моментов утврдува дали се работи за трагична несреќа или намерен терористички чин.

Сцените беа ужасни, сведоците опишуваат хаос и паника, додека делови од телото, па дури и детски чевли беа откриени расфрлани низ улицата, објавија германските медиуми.

Како што објави „Билд“, осомничениот не е поврзан со екстремизам или тероризам, според податоците на полицијата. Но, се додава дека тој претходно имал проблеми со менталното здравје.Тој денеска околу пладне со својот автомобил влетал во толпата во близина на познатата водена кула во Мајнхајм.

Слични содржини