Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, истакна дека локалните избори закажани за октомври оваа година нема да се одржат доколку „продолжи ваквата политика кон Албанците“.
Османи, гостувајќи во емисијата „Дејли Клик“, вели дека во сегашните услови не може да се одржат избори, бидејќи, како што вели, „Албанците се деградирани“, што може да предизвика сериозна политичка криза.
„Не се работи за ДУИ. Албанците тоа нема да го дозволат. Нема да дозволите утре да дојдете на работа како ништо да не било, бидејќи тоа е морална, национална и човечка обврска кон оние кои ги дадоа своите животи за овој јазик. И дали ќе се однесуваме како ништо да не се случило? Претседателот на Уставниот суд донесе одлука, утре одиме во град на кафе, па ќе одиме во кампања за општини? Затоа велам, длабока политичка криза, која не може да продолжи на ист начин, без да се седне и да се разговара што да се прави со Охридскиот договор, без да се врати Балансерот, без да се врати Бадентер, легитимитетот и без да се гарантира јазик, нема да има политика како што е вообичаено“, вели Османи.
Според аналитичарите, нема да биде изненадување резултатите од минатогодишните парламентарните избори да се пресликаат и на локалните избори, особено со разликата што ја направија партиите. Околу евентуално спојување на локални со предвремени парламентарни избори како што бара партијата на Али Ахмети, дел од нив за „Локално“ објаснуваат дека овие динамики би се промениле односно целиот изборен есап и наратив би претрпил измена од локални избори на национални и патриотски теми, што секако е епилог кој ДУИ сака да го предизвика.