Ветеринарот Амир Анвари, кој е познат по своите совети за нега на домашни миленици на TikTok, откри три грешки што ги направил додека го одгледувал своето куче за да им помогне на другите да го избегнат истото.
Амир наведе три грешки за кои рече дека другите „дефинитивно не треба да ги прават“.
1. Рана кастрација
„Првата е дека прерано го кастрирав моето машко куче. Сега има дисплазија на колкот и проблеми со лактот. Веќе развива артритис, а има само четири години. Ме наведоа да верувам дека е нормално да ги стерирам кога имаа шест месеци”, открил ветеринарот.
„Тој беше куче од голема раса и тоа не е нормално, луѓе. Постојат различни препораки за возраста за различни раси на кучиња и кога треба да ги кастрирате и стерилизирате, затоа немојте само да слушате секој што вели „стерилизирајте ги кога ќе наполнат шест месеци“, посочи тој.
Стерилизирањето и кастрирањето на кучињата се постапки што ги врши ветеринар за да се спречи нивното размножување, но меѓу нив има одредени разлики.
Кастрацијата се однесува на хируршко отстранување на гонадите кај кучињата. Кај мажјаците тоа значи отстранување на тестисите, додека кај женките се отстрануваат јајниците и често матката. Оваа постапка целосно го елиминира производството на полови хормони, што значително влијае на однесувањето и физиологијата на кучето.
Стерилизацијата значи дека кај мажјаците се врши вазектомија (сечење на деференс), а кај женките се врши лигатура на цевки. По стерилизацијата, кучето сè уште произведува полови хормони, но не може да има потомство.
Кралскиот кинолошки клуб на Англија соопшти дека вистинската возраст за кастрирање на куче зависи од неговата раса, големина и пол. Тие истакнаа дека често се дебатира за „најдобрата“ возраст за тоа, но дека за тоа ќе ве информира вашиот ветеринар, земајќи ги предвид најновите истражувања и упатства, пишува „Експрес“.
2. Зголемување на телесната тежина
Втората грешка што Амир призна дека ја направил е тоа што му дозволил на кучето да се здебели. Тој објасни дека ги има сите можни изговори да не оди со него на прошетки, од преоптовареност со работа до лошо време.
„Се чувствував лошо, му давав премногу храна. Му давав „награди“ затоа што навистина му се допаднаа и се здебели, а бидејќи е куче од голема раса, веќе можам да забележам дека тоа влијае на неговите зглобови и толку е тешко да му се олесни непријатноста кога веќе има развиен артритис“, рече тој.
„Секако, правам се што можам сега, но никогаш не требаше да дозволам да дојде до таа точка, затоа не дозволувајте вашите кучиња да добијат дополнителна тежина. Не вреди“, предупреди ветеринарот.
3. Казна
Последната грешка што Амир признал дека ја направил е дека го удрил своето куче кога било кученце, но тоа било „само кога бркал животни на фарма“ и не сакал да го повреди животно. Тој рече дека до ден денес „се уште може да го види тој страв во неговите очи“ ако ја крене раката, иако не се обидува да го удри.
Амир рече дека длабоко жали за тоа што го направил и сега сфаќа дека требало да користи поинаква техника. Тој ги прашал другите сопственици на кучиња: „Не удирајте ги своите кучиња. Затоа што тие едноставно се плашат од вас“.
„Признавањето на некои од овие грешки е тешко и срамно, особено затоа што сум ветеринар. Но, ако може да ви помогне да ги спречите истите тие грешки, тогаш тоа е во ред“, забележал ветеринарот во описот на својата објава.