Одложено повторното судење за починатата Теодора Ристовска, обвинетиот кој ја прегази е во болница

од Nikola Popovski
11 прегледи

По три години, во тетовскиот суд повторно судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа. Судењето повторно е одложено за 27-ми март. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.

Вчера во судот пристигнало известување дека Пајазити се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина и судењето се одложи за 27 март.

-Ниту една казна не може да ја надомести загубата на Теодора, барем сметавме дека оваа пресуда беше праведна. По првичната долга пауза помеѓу првото и второто рочиште, судот почна побрзо да ги закажува рочиштата, спротиставувајќи се на обидите на одбраната да ја одолговлекува постапката. Обвинетиот од почетокот тврдепе дена не се чуствува виновен, а неговата одбрана најави вештачење за да ја докажело неговата невиност. Но, откако судот ги изведе сите докази одбраната се повлече од барањето за вештачење и обвинетиот го призна делото, изјави Ева Ристовска, сестра на починатата Теодора.

Во нејзиното писмо до медиумите порача дека обвинетиот до ден-денес не отслужил ниту еден ден од казната, иако несреќата се случи пред речиси три години. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење.

Теодора беше тешко повредена кога на 15 август 2022 година во неа удри автомобил БМВ управуван од тогаш 49-годишниот Менсур Пајазити од Голема Речица. На 18 август таа им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

Тетовскиот суд во ноември 2023-та пресудува три ипол години затвор за возачот. Тој призна вина, но досега не одлежа ниту еден ден затвор.

Слични содржини