Израел ја отфрли конференцијата во Женева за војната во Газа

од desk4
84 прегледи

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека Израел ја отфрла претстојната конференција за војната во Појасот Газа што ќе се одржи во Женева во врска со почитувањето на меѓународното хуманитарно право на Блискиот Исток.

„Планираната конференција е дел од правната војна против Израел“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека Тел Авив нема да соработува, објави „Тајмс оф Израел“.

Претстојната конференција на државите кои ја ратификуваа Четвртата Женевска конвенција од 1949 година, со која се регулира заштитата на цивилите за време на војна и окупација, треба да се одржи во петок во Женева, а израелското министерство соопшти дека земјите потписнички во минатото се состанувале само три пати, а сите три пати во врска со Израел.