Унгарија ѝ нуди „утешна награда“ на Македонија за закочениот европски пат

од Nikola Popovski
74 прегледи

Не мислам дека односот е фер, но, не е моја задача да го нагласам оправданиот морален отпор. Нашите колеги од Македонија ќе го направат тоа. Јас како партнер кој долго време има разговарано и преговарано со ЕУ, го сметам за срамно тоа што го прави ЕУ. Можам дa кажам дека има и други држави кон кои не се фер од страна на Брисел, но најлошата работа се гледа во случајот на вашата држава. Господинот премиер кажа дека преговорите за зачленување се билатерализирани наместо ЕУ да помогне со решавање. Најголемиот морален долг на Унијата сега постои кон Македонија, рече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан запрашан за закочениот европски пат на Македонија.

Како што додаде тој на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Унгарија без да ја потцени својата тежина или сила, треба да признае дека ова европско однесување не може сама да го измени.

-Тоа што можеме да го направиме како држава-членка на ЕУ е што потесно да соработуваме со Македонија во областите на економијата, политиката, културиата, полицијата…Не е замена за евроинтеграцијата, туку утешна награда за интеграција преку овој начин да обезбедиме изградба на заеднички регион, во кој ќе биде вклучена и Србија, порача шефот на унгарската Влада.

Одговарајќи на новинарско прашање за односите на Унгарија со САД, Орбан вели дека имаат тесна соработка и ова е дел од „новото нормално“.

-Имаме подлабока прочина за соработка бидејќи имаме заеднички вредности и се наоѓаме во цивилизациска борба и во неа сме заедно со САД. Има и други партнери, кажа тој.

Слични содржини