Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот

од Nikola Popovski
29 прегледи

Унгарско-македонски владин самит во Будимпешта. Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи нашата делегација имаше тет-а-тет средба со колегата Виктор Орбан, по што двете влади одржаа заедничка седница, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес. Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката.

Премиерот откри за што разговарале двајцата шефови на влади.

-Заедно да поттикнеме и поддржиме Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување на траен и одржлив мир во Украина, преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е во полза и на украинските пријатели, но и во полза на самата Европа. Како земја сме фокусирани на исполнување на нашата обврска да работиме на просперитетот и животот на нашите граѓани и да обезбедиме иднина, кажа меѓу другото Мицкоски за заклучоците од средбата со Орбан.

Мицкоски информира дека исто така, разговарале и за целокупната поддршка која што ја добиваме од страна на унгарската Влада како македонска Влада.

-Знаете дека на почетокот имаше и финансиска поддршка од страна на Унгарија, средства кои што се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки, практично со тие средства ја модернизираме државата. Она што исто така е многу важно да напомена е дека на денешната меѓу владина седница стана збор за идна, уште подлабока меѓудржавна соработка во делот на инфраструктурата, но исто така министрите помеѓу себе посебно министрите за внатрешни работи и министерот за одбрана разговараа за идна можна воена соработка, односно развивање уште подлабоко на воените индустрии на двете земји, а зошто да не вмрежување и настап на трети пазари, стои меѓу другото во соопштението од нашата Влада.

Слични содржини