Во Италија започнува судењето против навивачите на Интер и Милан за соучесништво со калабриската мафија

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Во Италија е започнато судење против вкупно 16 симпатизери на Интер и Милан поради сомнение дека се соучесници на калабриската мафија, објавија медиумите во земјата.

Аферата во земјата е наречена Doppia curva поради трибините на кои се наоѓаат екстремните ултраси на двата тима. Засега рочиштата ќе се одвиваат зад затворени врати во сала до затворот „Сан Виторе“ во Милано.

Осомничените беа уапсени на 30 септември минатата година по долга истрага која вклучуваше видео надзор, прислушување телефони и тајни агенти. Тие се обвинети за изнуда во и околу стадионот „Сан Сиро“ во корист на мафијата.

Во деновите на натпреварите тие бараа процент од продажбата на навивачката стока, пијалоци и сендвичи, како и остварување огромен профит од продажбата на билети на црниот пазар.

Меѓу обвинетите е и Ренато Бозети, кој е лидер на главната фракција на Интер, Курва Норд.

Слични содржини