Петров: Орбан не треба да ни биде реперот или оската околу која треба да се вртиме

од Nikola Popovski
351 прегледи

Поранешниот пратеник и екс-градоначалник, Андреј Петров смета дека Македонија треба да биде свесна кој е тој што ни помогнал кога ни било тешко и мораме да бидеме внимателни со превирањата во светската политика. Сепак истакнува дека треба да го гледаме својот интерес, но, да не го замеруваме и глобалниот интерес.

За втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и Унгарија, Петров вели дека не му се допаѓа тоа што премногу се доближуваме до унгарскиот премиер Виктор Орбан. Како што рече во емисијата „24 анализа“, „Орбан не треба да ни биде реперот или центарот на светот околу кого треба да се развиваме“.

-Тој важи за екстремен десничар во своето делување. Неговите конфронтации со ЕУ се многу познати. Од една страна треба да го критикуваме Вучиќ кој толку време е на власт и тоа е знак на тоталитарен режим, а од друга страна за Орбан е голема демократија што функционира на истиот начин. Македонија нема што да се доближува (до оската Србија, Словачка, Унгарија). Тие имаат свој интерес да влијаат во регионот. Соросовиот ученик Орбан сега е најголемиот противник на либерализмот. За Македонија не е добро затоа што тоа е личност која не е прифатена добро во најголемите европски земји со кои ние имаме доброи односи. Не велам да не соработуваат или да немаме комуникација туку проблем е ако Орбан и Унгарија бидат оската околу која ние се вртиме. Тоа нема ниту историска димензија. Нашиот поддржувач не бил Унгарија низ историјата туку од другата страна на океанот. Поддржувач била и Турција. Треба еден баланс. Нашето врзување за една оска од Унгарија, Словачка, Србија, Република Српска мислам дека е погрешен пат, истакна поранешниот пратеник.

Слични содржини