Мециновиќ: Иземањето на Мицкоски од трипартитниот договор е дел од наративот со кој власта сака да ги дискредитира синдикатите

,,Нашата реакција е дека експертите, медиумите, политичарите сите имаат свои интереси во креирањето на јавниот дискурс и тоа експертско мислење не е универзална вистина и е креирање на хистерија која е во корист на работодавците и на штета на работниците’’ изјави за Локално Меценовиќ.

од Даниел Ѓорѓиевски
343 прегледи

Докoлку барањата на ССМ не бидат прифатени, Левица ќе биде гласот на народот во собрание, и преку собраниска иницијатива и процедура барањето за минимална плата  ќе биде внесено во собрание, изјави за Локално пратеникот Амар Мециновиќ.

,,Конкретно за предлого на ССМ доколку не биде прифатен од страна на Владата, ние преку собраниска иницијатива и процедура ќе го внесеме нивното барање во собрание, исто како што ги поднесовме законските измени за патни трошоци за работниците, и исплаќање на платите најдоцна до 5 наместо до 15-ти’’ изјави Меценовиќ.

Изземањето на Мицкоски од трипартитниот договор е дел од наративот со кој власта сака да ги дискредитира синдикатите, смета пратеникот од Левица Амар Меценовиќ. Според него со креирање на недемократски и подли наративи власта сака да ги исклучи синдикатите од преговорите за повисок минималец на сметка на стопанските комори кои треба да преземат улогата на главен преговарач, потенцира  Мециновиќ.

,,Владата наместо да се занимава со креирање на таков наратив треба да го испочитува ССМ како еден од деловите во трипартитниот дијалог и не смее да го сврзува својот политички наратив со тоашто ќе ги дискредитира синдикатите, и, ако го земеме во контекст тоашто Мицкоски сакаше да се изземе од трипартитниот дијалог, тогаш со ова скрнавење на синдикатите, кој останува да го диктира темпото на преговорите, стопанските комори, и тоа е контекстот позади нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон нас како партија“ изјави Мециновиќ.

Ставовите кои одредени економисти ги изнесуваат а се во насока на тоа дека покачувањето од 6000 денари на минималната плата ќе даде негативни ефекти врз животниот стандард на граѓаните за Меценовиќ се своевиден преседан кој има за цел да креира јавен дискурс кој не смее да биде универзален ако се има во предвид дека главните поенти на дискурсот се креирање на хистерија која е во корист на работодавците, а во штета на работниците.

,,Нашата реакција е дека експертите, медиумите, политичарите сите имаат свои интереси во креирањето на јавниот дискурс и тоа експертско мислење не е универзална вистина и е креирање на хистерија која е во корист на работодавците и на штета на работниците’’ изјави Мециновиќ.

Со став за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се изнесе и претседателот  на ССМ Слободан Трендафилов кој на социјалните мрежи напиша дека ќе продолжи борбата за работничките права.

,,Ние работниците се бориме за корка леб! Тие-политичарите се борат за гола политика. Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба“ напиша Трендафилов.

Инаку, претходно претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во изјава за Локално ги отфрли обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека соработувал со опозицијата, потенцирајќи дека тој како прв човек на ССМ и воопшто синдикалната организација единствено работат во интерес на работниците и обезбедување на поголеми права и подобри услови за работа.

,,За едните бев портпарол на ВМРО, за другите сум портпарол на СДСМ, и нивната перцепција секогаш зависи од позицијата во која се наоѓаат, односно дали се на власт или се во опозиција’’ Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба!, изјави за Локално Трендафилов.

Реакциите на првиот човек на ССМ и пратеникот на Левица доаѓаат откако денеска ВМРО-ДПМНЕ обвини дека сојузот на синдикати е киднапирана од  опозициските СДСМ, Левица и ДУИ.

,,Нелегалното поставување на Трендафилов на чело на ССМ беше дозволено од власта на СДС, целиот државен систем го одмолче незаконието, се со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој ќе биде мирен додека на власт е СДС, а ќе глуми синдикалец додека тие се опозиција“ изјави пратеникот Бране Петрушевски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Д.Ѓ

Слични содржини