21
Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг нема да го води германскиот РБ Лајпциг, објави Sky Sports.
Според изворот, поранешниот менаџер на Ливерпул и актуелен директор за фудбалски работи на Ред Бул, Јирген Клоп, ја отфрлил кандидатурата на Тен Хаг.
Наместо тоа, тој им понудил на Лајпциг тројца кандидати: Себастијан Хенес (Штутгарт), Оливер Гласнер (Кристал Палас) и Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика).
Тен Хаг беше отпуштен од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед на 28 октомври минатата година и беше заменет со Рубен Аморим.