Мурињо: Мојата иднина не е важна

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Фенербахче го пречекува Ренџерс во Истанбул во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа. Во оваа прилика прес-конференција одржа тренерот на турскиот тим Жозе Мурињо.

Како што наближува пролетта, така се засилуваат шпекулациите за тоа каде ќе биде Жозе Мурињо следната сезона. Истата приказна е и сега, а некои шкотски новинари го прашаа Специјалниот дали постои можност тој некогаш да работи во Шкотска.

– Не во овој момент. Имам работа која ме мотивира и бара лојалност. Но, во иднина, зошто да не? Луѓето велат дека тоа е лига на само две екипи, но таа е полна со страст. А страста кај луѓето ми е сè. Но, мојата иднина не е важна. Важна е иднината на Фенербахче. Имам договор за уште една сезона и во овој момент моја должност е да му бидам лојален на клубот“, изјави Мурињо.

Португалецот е еден од омилените ликови меѓу навивачите на Ренџерс, бидејќи водечкиот Порто го победи омразениот Селтик во финалето на Купот на УЕФА во 2003 година.

– Да, навивачите на Ренџерс и денес ми приоѓаат. Тоа беше мое прво европско финале, но имам почит за двата клуба. И двата се големи и имаат неверојатна историја. Знам дека ќе биде тешко, но сакам да играм против шкотски тимови, додаде Португалецот.

Слични содржини