„Невидливиот“ Ливерпул го слави резервистот Елиот

од Nikola Popovski
530 прегледи

Два големи дерби натпревари ја одбележаа втората вечер од првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Баерн го совлада Баер Леверкузен на „Алијанц Арена“ – 3:0 (1:0) на крилата на двократниот стрелец Хари Кејн, додека Ливерпул го урна Пари Сен Жермен со голот на заменикот Харви Елиот во 87. минута. Барселона победи против Бенфика во Лисабон со голот на Рафиња.

Колку е нефер и непредвидлив фудбалот. Секој кој го гледал мечот Пари Сен Жермен – Ливерпул, знае за што се работи. Имено, парижаните целосно го надиграа лидерот во Премиер лигата, кој делуваше импотентно во сите сегменти од играта, а на крајот блескавата замена на Арне Слот во 86. минута го реши победникот.

Левоногиот Англичанец ја замени првата ѕвезда Мохамед Салах, кој исто така не се виде за време на целиот натпревар, за само неколку секунди подоцна со посилната лева нога да го погоди далечниот агол од голот на Донарума. Каква суровост на фудбалот на дело!

Ливерпул успеа да постигне гол од својот втор директен удар на натпреварот, а прв кон голот, шокирајќи ги „Светците“ кои целосно ги надиграа Англичаните.

ПСЖ постигна гол во 20. минута преку Квича Кварацхелија, но ВАР системот покажа дека грузискиот интернационалец бил во офсајд, поточно со неговата пета. Притоа се редеа шанси пред голот на Алисон, но Бразилецот беше маестрален и несовладлив.

Слични содржини