Холивудската актерка Ева Мендез продолжува да ги инспирира жените ширум светот со својата едноставност, а нејзиниот 51-ви роденден е идеална можност да се потсетиме на нејзините мудри совети, како и нејзината успешна кариера.
„Мојата нова кампања и мојата нова година штотуку пристигнаа! Денес полнам 51 и благодарна сум за се. Особено сум благодарна на @stellamccartney што ја направи најубавата облека, поради која се чувствувам толку добро. Работев со некои неверојатни дизајнери во текот на мојата кариера, но никогаш не сум се чувствувала посекси во ниту еден друг дизајн, освен во нејзиниот.
Жал ми е што не можам да бидам таму на твојата модна ревија денес, но ја имам најдобрата причина на светот – јас сум со моето семејство. Испраќам многу љубов денес и секој ден!“.
Ова го напиша актерката на својот Инстаграм профил по повод 51-виот роденден, честејќи ги фановите со нови, секси фотографии.
View this post on Instagram
Мендез со години ја промовира филозофијата „помалку е повеќе“ кога е убавината во прашање. Во интервју за „NewBeauty“ во 2015 година, таа откри дека не сака да поминува многу време за да се подготвува. Нејзината шминка се состои од само неколку клучни чекори. Tврди дека може да се нашминка за само пет минути и да „изгледа пристојно“.