Драстично го промени изгледот, но се уште е најпосакуваната жена во Холивуд (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ева Мендез влегува во Новата година со храбар нов изглед.

Ева е една од ретките познати личности кои објавуваат слики на социјалните мрежи без фотошоп, онака како што навистина изгледа. Често можеме да видиме дека е целосно без шминка и сосема природна.

Сега таа ги изненади своите следбеници со својот нов изглед. Имено, актерката сподели селфи одблиску, на кое јасно се гледа дека од бринета станала огнена црвенокоса.

Да потсетиме, Ева веќе подолго време е во хармонична врска со актерот Рајан Гослинг и заедно имаат две ќерки – Есмералда (6) и Аманда (4).

Слични содржини