ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да провери како Заев стигнал до авиокомпанија во Индија

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

ВМРО-ДПМНЕ возврати со соопштение до СДСМ по прашањата за летот на владината делегација до Будимпешта. Според партијата на власт, „СДСМ има чудна пасија за авиолетови“, при што го спомнуваат екс-лидерот на партијата и екс-премиер, Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија која пред кусо време била продадена, а чии акции можеби се уште постојат во една од постоечките авиокомпании.

-Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот сеуште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија? Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај, прашуваат од владеачката партија.

Претходно СДСМ обвини дека Владата три дена молчи и не открива колку чинел летот до Унгарија со, како што велат, приватна авиокомпанија, со кој педесетина претставници од „Илинденска бр.2“ и медиуми отпатуваа за Будимпешта.

Неодамна од СОЗР соопштија дека е неопходно да се набави нов државен авион, дури и половен, за службените патувања на владините функционери. Истакнаа дека постојниот авион е стар околу дваесет години, има само шест седишта и не ги задоволува актуелните потреби.

Слични содржини