Лукаревска: Властa покажува незаинтересираност за економската криза

од Даниел Ѓорѓиевски
16 прегледи

Состојбата на македонската економија продолжува да се влошува, а животниот стандард на граѓаните паѓа, тврди Лукревска од СДСМ. Според неа, власта покажува целосна незаинтересираност за кризата која сама ја предизвика, иако СДСМ предлага конкретни мерки за забрзување на економскиот раст, покачување на платите и намалување на сметките на граѓаните.

”Инфлацијата изнесува 5%, цените на се зголемени за 20%, индустриското производство е во пад од 1,4%, а извозот е намален за 5,9%, нема зголемување ниту на минималната плата, ниту на просечната,, изјави Лукаревска од прес центарот на собранието.

Лукревска изрази загриженост за клучните параметри на економијата, велејќи дека инфлацијата изнесува 5%, цените на основните производи се зголемени за 20%, а индустриското производство и извозот бележат пад. Особено загрижувачки е фактот што 83.000 работници не ја добиле јануарската плата, што укажува на драстичен пораст на компании кои не можат да исплатат плати и отпуштаат работници.

Таа истакна дека последните изјави на владата дека нема буџет за покачување на минималната плата за 6.000 денари покажуваат отсуство од реалноста и дополнително ќе го намалат животниот стандард на граѓаните. СДСМ најави дека доколку власта не преземе мерки за зголемување на платите, СДСМ ќе поднесе закон за минимална плата од 500 евра.

Лукревска потврди дека обврска на опозицијата е да предложи соодветни законски решенија и дека синдикатите треба да бидат коректив за властите и опозицијата, нагласувајќи дека не е дозволиво синдикатот да биде ставен во политички контекст со било која партија, бидејќи неговата улога е да ги штити работничките права.

Слични содржини