САД се подготвени да воведат целосен пакет санкции против енергетскиот сектор на Русија без двоумење доколку е потребно за да се постигне мир во Украина, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесент, пренесува Блумберг.
„Сегашната администрација ги задржа засилените санкции и нема да се двоуми да ги употреби доколку тоа е потребно влијание во мировните преговори“, рекол тој.
Бесент предупредик дека ограничувањата ќе бидат агресивни, за да се постигне, според него, максимален ефект за кратко време.
Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на свои извори, дека администрацијата на Трамп им наложила на Стејт департментот и Министерството за финансии да подготват листа на санкции кои би можеле да бидат ублажени за време на преговорите со Москва.
Агенцијата наведува и дека американските власти ја разгледуваат можноста за делумно укинување на санкциите како дел од пошироките дипломатски напори за нормализирање на односите со Русија и барање решение за украинската криза.