Петровска: Лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани

од Nikola Popovski
174 прегледи

Актуелната пратеничка и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска смета дека последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и се чекор назад. Тврди дека неоправдана и неприфатлива е смената на неколку генерали со исклучително професионални армиски досиеја.

-Несфатливо е Генерал кој секогаш добивал признанија и позитивни оценки од сојузниците и кој има уште многу да даде за Армијата, да би “пензиониран” и прераспореден од оперативна Команда во Сектор во Министерството. Ме загрижуваат информациите дека лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани, објави Петровска, додавајќи дека „ова е индикатор за порозност на службата, која во иднина, по потреба може да биде злоупотребена за повисоки цели“.

Екс-министерката уште претходно обвинуваше дека вработени во Министерството за одбрана биле повикувани на разговор од претставници на Службата за воено разузнавање и безбедност за да дадат изјава зошто учествувале на протестите Правда за Фросина. Според неа, ова се случило после првиот одржан протест. Најави дека многу скоро ќе ги објави сите скандали на партиски притисоци врз вработените и професионалците во Министерството за одбрана и Армијата.

Вчера беше објавено дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали.

Сите потпишани укази од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се извршуваат веднаш, информираат од кабинетот на претседателката.

Слични содржини