Руските сили ја погодија енергетската и гасната инфраструктура на Украина во нивниот последен напад со беспилотни летала и проектили, изјави во петокот украинскиот министер за енергетика.
„Уште еднаш, енергетската и гасната инфраструктура во различни региони на Украина се најде под масовен оган од ракети и беспилотни летала“, објави на Фејсбук министерот за енергетика Герман Галушченко.
Во нападот беа оштетени капацитетите за производство на природен гас на украинската државна компанија за нафта и гас Нафтогас, се вели во соопштението на компанијата.
– Оштетени се производствени капацитети кои обезбедуваат производство на гас. За среќа, нема жртви“, објави Нафтогас на Телеграм.
Гувернерот на Тернопил на запад, Вјачеслав Нехода, рече дека нападот погодил критична индустриска постројка и најави можни ограничувања за снабдувањето со гас. Украинската воздушна одбрана го собори проектилот и нема жртви, рече тој во објава на Телеграм.
Во североисточниот град Харков, руските сили нападнале цивилно претпријатие и раниле најмалку пет лица, а во северниот регион Чернихив, според гувернерите била погодена фабрика за производство.
Русија, која претходно ги насочи своите ракетни и беспилотни напади врз електроенергетскиот сектор во Украина, остро ги засили нападите врз украинските складишта и производствени полиња за гас во последните месеци.