„Боки 13“ добил позитивна одлука од Судот во Стразбур за „Рекет“, најави тужби против Заев и Русковска

од Nikola Popovski
111 прегледи

Осудениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, попознат како „Боки 13“ денеска информира дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокат Сашо Дукоски за случајот, каде била оспорена пресудата по повеќе основи.

Позитивната одлука на судот во Стразбур, напиша тој, е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд.

-По конечно завршување на постапката во Стразбур, Ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги превземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот Рекет, во која имаше сѐ, само право не, посочува Јовановски.

Информира дека дека донесена е и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на неговото, како што вели, незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура.

-По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот Рекет, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела, стои во објавата на Јовановски.

Осудениот пред неколку дена доби намалена затворска казна за предметот. Како што одлучил Апелацискиот суд, казната се намалува од 9 на 5 години затвор. Со тоа, на Јовановски му остануваат само уште неколку месеци за доиздржување на казната.

Кон крајот на месец јануари, Јовановски објави на својот Инстраграм профил дека неговото здравје се уште е загрозено. Поранешниот телевизиски водител не сакаше да ги коментира своите проблеми, па оттаму побара и приватност.

Боки 13, осуден за „Рекет“, моментално има прекин на затворската казна врз основа на медицинска документација доставена од лекарски конзилиум. Повеќе лекари тврдат дека е хендикепиран од прв степен и не може да ја издржува затворската казна. Судот ги прифаќа тие лекарски наоди и му овозможи да остане на слобода.

Врз Јовановски во 2023 година беше извршена операција за целосно отстранување на желудникот.

Слични содржини