Легендата на Рома, Роберто Пруцо изјави дека бил информиран од сигурен извор дека Виктор Осимен летово ќе се пресели во Јувентус и ќе биде нов напаѓач на тимот.
Нигерискиот напаѓач се уште е во сопственост на Наполи, но моментално игра со Галатасарај откако минатата година побара да си замине од „Диего Армандо Марадона“ и влезе во конфликт со управата, а по доаѓањето на Антонио Конте беше објавено дека тој не е дел од неговите планови за тимот.
Осимен повторно потпиша со Наполи во 2023 година, а во претстојното лето неговата откупна клаузула од 130 милиони евра ќе се намали на 75 милиони. Пруцо, сепак, е уверен дека и следната сезона ќе биде дел од тимот на Јуве.
„Знам дека Осимен ќе биде следниот напаѓач на Јувентус. Ова во Фиренца ми го кажа сигурен извор близок до неговата придружба. Тие се убедени дека тој ќе оди во Торино следната година“, рече Пруцо во изјава за Sport Mediaset.
Шпекулациите околу иднината на Нигериецот продолжуваат, а неговото име во последниве недели најмногу се поврзуваше со ПСЖ, Челси, екипи од Саудиска Арабија и Манчестер Јунајтед.