Далот е мета на Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Реал Мадрид покажува голем интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Диого Далот. Мадриѓаните бараат да доведат десен бек како алтернатива на Карвахал во текот на летото, а нивниот прв избор е Далот, кој може да игра подеднакво добро и како лев бек.

Парите не се проблем за Реал, прашање е само дали Јунајтед ќе го пушти споменатиот дефанзивец. Далот е константен оваа сезона и игра одлично, па Манчестер Јунајтед сака да му го продолжи договорот.

Реал ја следи ситуацијата, но новиот тренер Рубен Аморим сака по секоја цена да го задржи својот сонародник. Според медиумите во Шпанија, од Мадрид се подготвени да понудат 50 милиони евра за Португалецот.

Слични содржини