Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп го преживеал атентатот за да ѝ помогне не само на неговата земја, туку и на Европа конечно да се разбудат, пренесуват тамошните медиуми.
Рама ги коментирашч американско-европските односи по доаѓањето на Трамп на панел дискусија за улогата на младите во иднината на континентот.
„Европа денес има помалку пријатели отколку пред руската агресија и тоа е нешто што треба да го разбереме и да размислиме зошто се случи тоа. Иако нема сомнеж дека Европа застана во одбрана на вистинската кауза застанувајќи покрај Украина, зошто има помалку пријатели?
Можеби Господ го спаси Трамп не само за да ја направи Америка повторно голема, туку конечно да ја разбуди Европа и да ѝ даде шанса да разбере дека не може да продолжи по истиот пат, бидејќи повеќе не е иста“, кажал Рама.