Иднината на Макс Верстапен во Формула 1 по сезоната 2025 е се поинтересна тема, особено со оглед на шпекулациите дека Ред Бул ќе има потешкотии да му обезбеди доминантен болид оваа сезона. Веќе подолго време има сомнежи за напредокот на погонските програми на Ред Бул и Форд, со шпекулации дека проектот се соочува со проблеми.
Интересно, најверојатните дестинации за Макс, барем засега – Мерцедес и Астон Мартин, може да се покажат како нереални опции. Барем тоа е мислењето на Ралф Шумахер.
-Се уште има проблем во Мерцедес, се чини дека тимот не е сигурен во која насока да продолжи да го развива болидот – објасни Ралф. – Барем така изгледаше во Бахреин и тоа е причина за загриженост. И ако двајцата возачи на тимот – Расел и Антонели – се покажат добро, сосема е можно Тото Волф да не сака да жртвува ниту еден од нив.
Шумахер не потсети и на нешто друго – Верстапен има многу поголеми финансиски барања од Расел и Антонели, што може дополнително да го искомплицира трансферот.
Финансиското прашање е важно. Макс Верстапен не е евтин возач. Уште еднаш, ако и на двајцата возачи на Мерцедес им оди добро и земаат помали плати, тогаш нема причина тоа да се менува.
Шумахер призна дека Астон Мартин би бил логичен избор за Макс, но патот до врвот се уште е нејасен и не се знае кога тимот ќе почне да се бори за победа.
А Германецот додаде дека колку подолго останува Макс во Ред Бул, толку се поголеми шансите да се најде во Ферари, бидејќи договорот на Луис Хамилтон е на две години.
„Ако Макс остане подолго во Ред Бул, можеби Ферари? Не заборавајте ги ниту нив“, додаде Шумахер.