Еклстоун со предвидување кој ќе ја освои титулата во 2025 година

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, верува дека Макс Верстапен ќе стане светски шампион следната сезона, израмнувајќи го рекордот на Михаел Шумахер од почетокот на векот од пет последователни титули.

И покрај тоа што Мекларен се врати во првите редови и ја освои шампионската титула во конструктори, Берни верува дека Макс се уште има предност во однос на неговите ривали.

„Задоволен сум што првенството е толку отворено и непредвидливо“, изјави Берни за Ројтерс. „Но, мислам дека Макс ќе победи, нема зошто да не може. Доколку ја има потребната опрема. Никој не се сомнева, ако има добар болид ќе ја земе титулата“.

Ред Бул ја започна сезоната 2024 многу силно по својата доминација во 2023 година, но по победата на Верстапен во Шпанија, Ред Бул заостана во борбата за титулата во последната третина од сезоната.

Верстапен веќе најави дека не очекува следната недела да може да се бори за победа во Мелбурн и го именуваше Мекларен за фаворит на стартот од сезоната.