🎥📸 Позната манекенка пристигна на модна ревија во чудна облека, луѓето ја исмеваат: „Да не ги заборави панталоните?“

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Алесандра Амбросио пристигна на ревијата на Balenciaga во необичен моден изглед кој привлече внимание. 43-годишната бразилска манекенка се појави на ревија за време на модната недела во Париз во џемпер и долна облека од тантела и халтери, но се покажа дека станува збор за шорцеви кои имитираат долна облека.

Манекенката го комплетираше својот аутфит со црна чанта Balenciaga, а ревијата ја следеше од првиот ред покрај американската актерка Џесика Алба.

Појавувањето на манекенката предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Додека едни ја фалеа смелата комбинација, други се шегуваа на таа сметка.

„Икона“, „Таа изгледа фантастично“, „Што по ѓаволите носи таа?“, „Дали е ова најновиот моден тренд, да ги заборавиш пантолоните?“, „Некој нека и даде здолниште“, „Чуден избор“, „Можеби ги заборавила пантолоните, некој треба да и каже“, „Најгрдата облека што сум ја видел на супермодел“, „Некој да и каже дека треба да излезе во здолниште, а не во долна облека“, се дел од коментарите.

Слични содржини