Јувентус доживеа епско фијаско против Аталанта, нешто што не му се случило 58 години

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Синоќа Аталанта го понижи Јувентус со 4-0 во дербито на 28. коло на италијанското првенство во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби, нешто што на Старата дама не и се случило цели 58 години.

Имено, торинскиот клуб последен пат загуби на домашен терен во првенството со четири гола разлика во октомври 1967 година од градскиот ривал Торино со 0:4.

Многу навивачи на Јувентус синоќа рано го напуштија стадионот за да го изразат својот очај, а оние кои решија да останат подолго скандираа против челниците на клубот.

Слични содржини