Нова трагедија: Две жртви на патот Битола-Прилеп

од Nikola Popovski
82 прегледи

Нови жртви на македонските патишта по сообраќајни несреќи. Денеска напладне две лица загинале, а едно лице било тешко повредено на магистралниот патен правец А3 што ги поврзува Битола и Прилеп.

Според полицијата, во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на градот Скопје и едно лице странски државјанин, додека повреденото лице, исто така странски државјанин е итно пренесено на лекување во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

-Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп, информираат од полицијата.

МВР вчера соопшти за трагедија кај Штип што резултирала со еден загубен човечки живот. Како што објавија од полицијата, тешката сообраќајка се случила десет минути пред полноќ. Починал 34-годишен Штипјанец кој бил сопатник во возило.