Рубио: Откажани се 83 отсто од програмите на УСАИД, остатокот ќе биде под надзор на Стејт департментот

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио на својот профил на социјалната мрежа Х потврди дека 83 отсто од договорите на УСАИД, американската агенција за странска помош, се официјално откажани.

„По шестнеделен преглед, 83 отсто од програмите на УСАИД се откажани. Овие 5.200 договори кои сега се откажани потрошија милијарди долари на начини кои не беа во согласност, а понекогаш дури и контрадикторни, со националните интереси на САД“, рече Рубио.

Тој додаде дека преостанатите 17 отсто, во консултација со американскиот Конгрес, биле префрлени под надзор на Стејт департментот со кој тој раководи.

„Благодарност до Одделот за владина ефикасност и нивниот тим за нивната посветена работа. Тие работеа прекувремено за да ја завршат оваа многу потребна и историска реформа“, рече тој.

Потсетиме дека на 20 јануари, по преземањето на функцијата претседател на САД, Доналд Трамп ја замрзна странската помош обезбедувана од УСАИД.

Шест недели по овој потег, повеќе од четири петтини од овие програми се официјално откажани, а остатокот стана дел од Стејт департментот. Иднината на УСАИД сега е под голем знак прашалник.

Слични содржини