Опожарени осум возила во скопска Кисела Вода

од Milan1
183 прегледи

„Денеска (10.03.2025) во 01:05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода избувнал пожар во патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р. (23) од Скопје.

Во пожарот делумно биле зафатени и уште седум патнички возила: „Сузуки“, сопственост на Х.С., „Опел“, сопственост на правен субјект, „Шевролет“ сопственост на Т.А., уште едно „Шевролет“ сопственост на А.Ш., „Фиат“ сопственост на правен субјект, „Шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „Хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје брзо реагирала и пожарот бил изгаснат. Извршен бил и увид за утврдување на причините и околностите на инцидентот“, информираат од МВР.

Истрагата е во тек.

Слични содржини