Левица: Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ тужи наш советник поради објава за непотизам

од Nikola Popovski
69 прегледи

Левица преку соопштение се пожали дека советник од нивните редови е тужен од страна на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата во опозиција, „пратеници од ДПМНЕ влечат по судови членови на Левица, во обид да се замолчи единствената опозиција“.

-Пратеникот од власта од ДПМНЕ – Александар Јамалов, го тужи опозицискиот советник од Левица, Игор Смилев, поради објава за непотизам. Тој во прекршочна постапка го тужи советникот од Левица за предизвикана навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава во којашто Смилев изјавил дека сопругата на Јамалов била вработена во СВР – Велес. Дополнително, Јамалов воопшто не се појави на рочиштето против советникот од Левица. Скандалозно е што без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста, по ,,налог” на судијката Лорета Тодорова, која забрани влез за новинари, порачаа од Левица.

Како што објавија од партијата, Смилев потенцирал дека „ваквите режимски обиди нема да го замолчат, затоа што непотизмот е канцер на македонското општество“.

-Ова не е изолиран случај на политички прогон и насилие од страна на владејачките структури на ДПМНЕ и затоа Левица им порачува дека вака само не́ охрабруваат да бидеме погласни против нивното партизирано и непотистичко владеење и дека борбата допрва почнува, стои во соопштението на партијата на Димитар Апасиев.

Слични содржини