Претреси на територија на цела држава, приведени повеќе лица

од Марта Пешевска
58 прегледи

Министерството за внатрешни работи спроведе голема координирана акција на целата територија на државата за откривање на сторители на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје.

Како што информираа од МВР, вчера биле извршени 52 претреси во домови и помошни простории, при што биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки, гасен пиштол, муниција од различен калибар, како и значителни количини на наркотични средства – семки од канабис, пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, ваги, шприцеви со течност и други предмети.

Дополнително, полицијата пронашла и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Во текот на акцијата, по брза постапка биле поднесени три кривични пријави против четири лица за кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, како и една кривична пријава против едно лице за недозволено поседување на оружје. Покрај тоа, за едно лице е распишана локална потерница.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите, ќе следат дополнителни пријави против другите инволвирани лица.

Слични содржини